Оливер Спасовски: МВР смислувало наводен заговор за атентат над Никола Груевски

Оливер Спасовски / Фото: МИА

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска во Собранието рече дека полицијата на крајот од владеењето на претходната власт смислувала обвинување за тоа дека наводно некој сакал да организира атентат над тогашниот премиер Никола Груевски.

– Во Куманово требало да се заврши атентат над Никола Груевски, а во селото Четирце требало да се најде некое оружје, рече Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање од страна на пратеникот Мартин Костовски.

Спасовски ова го поврза со упадот на специјалците на крајот од 2016 во домот на кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, кој беше назначен од Спасовски како тогашен технички министер за внатрешни рабопти.

– Во неговото семејство беа неоправдано потресени  и никој не кажа зошто тоа е направено, наведе Спасовски и додаде дека тоа било уште една „креација на болните умови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот