Олаф Шолц: Гласачите покажаа дека сакаат да бидам идниот канцелар на Германија

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/MAJA HITIJ/ POOL

Кандидатот за канцелар на левоцентристичките социјалдемократи на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц ги поздрави резултатите на неговата партија како „голем успех”, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД има мало водство пред конзервативците.

– Ова ќе биде долга изборна ноќ, тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД бидејќи сакаат промена на власта, и сакаат следниот канцелар да се вика Олаф Шолц, истакна тој пред своите поддржувачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот