Олабавувањето на мерките и укинувањето на карантинот во Грција ќе оди во неколку фази

Постепено, во неколку фази, прво со отворање на училиштата, потоа на продавниците, а на крај  рестораните и кафулињата, ќе биде олабавувањето на рестриктивните мерки и укинувањето на карантинот во Грција, според портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај”, Пецас ги објасни главните насоки на планот на Владата за декември, односно по завршувањето на карантинот на 30 ноември.

Рече дека ќе се отворат сите училишта и основните и средните, а рестораните, кафулињата и слично, планот е да почнат со работа пред Божиќ, но тоа нема да важи и за ноќните клубови и барови каде што се создава гужва.

Портпаролот на грчката Влада посочи дека во следните денови, ќе биде соопштен целосниот план за укинување на рестрикциите.

За вакцината, повтори дека ќе биде беспатна и рече дека до крајот на првата половина на 2021 година ќе постои можност, со обезбедените 25 милиони вакцини да биде вакцинирано целото население.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот