Околу Пописот 2021…

Филип Стојановски / Фото: Архива на Слободен печат

Ми текна како ми беше кога јас како студент работев на пописот 1994 година во Гази Баба. Бевме екипа од тројца и сограѓаните нè пречекуваа ептен гостопримливо и срдечно. Често раскажуваа и за семејните истории, а кај некои останувавме да гледаме фудбал. Во деведесеттите имаше и пропаднат попис и етнички тензии, но беше незамисливо некој да пререче или да се изживува на попишувачите. За сите бевме „наши деца“.

Минатата сабота на домофон ни заѕвони попишувач. Културен млад маж, носеше маска,  вакциниран. Нè викна пред влез – соседите му организирале масиче + столчиња кај гаражите, под стреа. Процесот траеше околу 20 минути, бидејќи дел од податоците веќе им беа внесени.

Го прашав попишувачот дали го малтретирале бојкотирачи, рече не наишол на такви во тие улици на Општина Центар што му биле доделени. Оставал ливчиња со негов мобилен кај празни станови да му се јават, да дојде во време кога им одговара.

Потоа ми текна како ми беше кога јас како студент работев на пописот 1994 година во Гази Баба. Бевме екипа од тројца и сограѓаните нè пречекуваа ептен гостопримливо и срдечно. Често раскажуваа и за семејните истории, а кај некои останувавме да до/гледаме фудбал (Светско првенство).

Се чудам колку ни се изменила земјава за овие 25-30 години. Поточно, луѓево во неа. И старите и овие „неки нови клинци“. Во деведесеттите имаше и пропаднат попис и етнички тензии, но беше незамисливо некој да пререче или да се изживува на попишувачите. За сите бевме „наши деца“.

И самиот процес во едно домаќинство траеше подолго.  На почеток ни ги дадоа сите материјали – три дебели фасцикли со хартии – формулари „чаршафи“ за околу стотина домаќинства од доделениот реон. Ги м’кневме со нас и пополнувањето беше на рака. Сега со кликање на лаптоп беше друга песна.

Годинава ме зачуди дека недостигале пријавени попишувачи. Во ’94 хонорарот беше добредојден додаток на домашниот буџет (стечаи). Ама не е сè во парите. Познавам невработени што не се пријавиле од страв од пандемијата, работата со луѓе е ризична оти има многу невакцинирани.

Инаку, очекував да има прашања поврзани со фактори на развој, економија = екологија. На пример, дали имате интернет дома, компјутер, смартфон, колку и како се користат (а имаше за клима-уред). Познавање  домашни и странски јазици. Користење типови медиуми, па коли, точаци, јавен превоз…

Па да се извадат отворени податоци (опен дата) да може да се анализира, податочно рударење (data mining), ископување „бисери“ од информации…

Како и да е. Повеќе среќа и ум наредниот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот