ОЈО: МВР сè уште не ги утврдило напаѓачите кои со автоматски пушки упаднаа во Палас

Полицијата сè уште не утврдила кои се напаѓачите кои упаднале со автоматски пушки во саботата вечерта во скопскиот хотел Александар Палас, велат од Основното јавно обвинителство.

Од обвинителството велат дека неколку часа пред пукањето во хотелот се случил друг инцидент, кога четири лица кои седеле во хотелот при обидот на бидат легитимирани од страна на 11 полициски службеници упатиле сериозна закана врз животот на полициските службеници. Затоа е отворена постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници.

Од обвинителството информираат дека тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот сè уште се трага. Обвинителството од судот побарало мерки на претпазливост но не и притвор.

-Јавниот обвинител до Судот поднесе предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените – велат од ОЈО.

Според денешното соопштение на обвинителството исто така се гледа, дека иако вечерта во саботата групата која седела во хотелот упатила закани до полицајците кои дошле да ги приведат, полицијата се повлекла и не реагирала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот