Охридска болница: Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка

Исклучена е гинеколошка компликација кај родилката од Охрид, која пред неколку дена почина на Скопските клиники. Ова го соопшти денеска Јавната здравствена установа Општа болница Охрид по направената мултидисциплинарна ревизија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„На 11 јуни во 4 часот на Гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка прворотка со прснат воденик во термин за породување. Пациентка на 29-годишна возраст со хронична системска болест Lupus и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез и добиен жив женски плод 2.130/46 во добра состојба“, информираат од охридската болница

Според соопштението, оперативниот и ран постоперативен тек бил уреден.

„Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа ГАК-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на ГАО-Охрид земен е брис од рана од родилката, а резултатот добиен од Центар за јавно здравје – Охрид покажува дека е стерилен“, појаснуваат во соопштението.

Новороденчето, како што е наведено, се наоѓа во Охридската болница и е здраво и во добра општа состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот