29 годишна родилка починала од сепса - Слободен печат
Хроника

29 годишна родилка починала од сепса

Породувањето било успешно, но во текот на наредните денови дошло до влошување на состојбата на родилката

На Скопските клиники вчера починала 29 годишна родилка откако пред една недела се породила во Охридската болница.

Според засега неофицијални информации, младата жена починала од сепса. Породувањето било успешно, но во текот на наредните денови дошло до влошување на состојбата на родилката, а откако било утврдено дека таа се наоѓа во лоша состојба итно била пратена на клиниката во Скопје, каде по три дена починала.

Од Охридската болница јавуваат дека со официјален став  за случајот ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close