• скопска клиника

ТРАГЕДИЈА: Починал маж на скопската Клиника за токсикологија

Машко лице синоќа во тешка здравствена состојба било донесено на Клиниката за токсикологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починало, соопштуваат од МВР. Според пријавеното, лицето во клиниката дошло во тешка состојба и по кратко време починало. Извршен бил увид, а се работи и на расчистување на случајот.