Фото: Flick - Mihal Orela

ОХРИД: СДСМ победи на локалните, ВМРО-ДПМНЕ на претседателските

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во Охрид освои 13.257 гласови, што значи 787 гласови повеќе од нејзиниот главен противкандидат Стево Пендаровски предложен од владејачката коалиција кој освои 12.470 гласови.

Третиот претседателски кандидат Блерим Река во овој град освои само 899 гласови или 3,2 отсто.

Интересно е тоа што, пак, градоначалничкиот кандидат на владејачката СДСМ во Охрид, Костадин Георгиевски, во првиот круг од изборите победил со 2.423 гласа разлика.

Георгиевски освои 13.037, додека неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски освоил 10.614 гласови.

Излезноста за претседателските и локалните избори во Охрид е речиси иста и се разликува за само 0.03 отсто во корист за локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот