Охрид лесно се справи со Пролет во последниот натпревар од првиот дел во Суперлигата
Ракометарите на Охрид ставија точка на првиот дел од сезоната во Суперлига на Македонија со убедлива и сигурна победа над Пролет од 39-23.
Препорачано
Домашниот состав уште од самиот старт покажа дека нема да дозволи изненадување. Со цврста одбрана и разигран напад, „гладијаторите“ постепено ја градеа предноста, па на пауза заминаа со сигурни плус седум (16-9). Пролет се обидуваше да фати резултатски приклучок, но немаше решение за расположените охриѓани.
Во второто полувреме темпото дополнително се засили, а мрежите често се тресеа на двете страни. Сепак, квалитетот и подолгата клупа на Охрид дојдоа до израз, па разликата постојано растеше сè до конечните плус 16.
Најрасположен на теренот беше Давид Савревски кој блесна со 10 погодоци. Кај гостите од Скопје, по петпати прецизни беа Горазд Дамчевски и Никола Стоилевски, но нивниот учинок беше недоволен за порамноправна битка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


