Охрид ги дозна термините за финалните натпревари во Европскиот куп
Европска ракометна федерација официјално ги објави термините за финалните натпревари во Европскиот куп во кои Охрид ќе се обиде да го повтори успехот на Алкалоид од минатата година и да дојде до својот прв трофеј во Европа.
Препорачано
Во финалето Охрид ќе ги одмери силите со унгарскиот состав Татабања, кој важи за еден од најнезгодните ривали во натпреварувањето. Според распоредот, охридскиот тим прво ќе гостува во Унгарија, каде што првиот финален дуел ќе се игра на 24 мај од 17 часот.
Одлуката за новиот освојувач на трофејот ќе падне седум дена подоцна во салата „Билјанини извори“, каде што на 31 мај со почеток од 20 часот Охрид ќе има шанса пред својата публика да испише нова страница во клупската историја.
Во Охрид веќе владее огромен интерес за реваншот, а се очекува салата да биде исполнета до последното место. Навивачите ќе имаат важна улога во обидот „гладијаторите“ да стигнат до европска круна која би имале можност и да ја прослават на домашен терен.
РФМ: Во продажба билетите за натпреварот Македонија – Словачка за пласман на СП 2027
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


