Никола Зечевиќ/ГРК Охрид

Охрид се засили со српски репрезентативец од Партизан

Српскиот ракометен репрезентативец Никола Зечевиќ е ново засилување на ГРК Охрид, со кого потпиша договор до 2028 година.

Станува збор за лев бек, висок 200 сантиметри и на 24-годишна возраст, кој од следната сезона ќе настапува во дресот со број 31. Во Охрид доаѓа од редовите на Партизан, каде што имаше значајна улога во двата правци и ја носеше и капитенската лента.

Со своите настапи Зечевиќ се наметна и во репрезентацијата на Србија, каде веќе има повеќе настапи.

„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели.“ – изјави Никола Зечевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот