Охран Бајрами – Оки од кланот Дуќанџик е ликвидираниот во Ханиоти

Куршум/ фото: МИА

Орхан Бајрами – Оки од кланот Дуќанџик, лидер во скопското криминално подземје е ликвидираниот маж кој ноќеска беше застрелан во Ханиоти објави Телма повикувајќи се на потврда од полициски извори.

Грчките полициски органи досега не ги имаат известено македонските официјално.

Според неофицијалните податоци тој бил сопственик на казино во Северна Македонија, а во него пукале лица на мотор кои се приближиле до апартманот каде престојувал со уште едно лицe кое исто така е застрелано и се бори за живот и најверојатно е негов бизнис партнер. Требало да се одјават од собата во 12 на пладне.

Грчките медиуми пренесуваат и дека негов бизнис партнер неодамна бил егзекутиран во соседна држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот