Охрабрувачки резултати, имунитетот од короната се зголемува

Доктори/ Фото: Профимедиа

Истражувањето кое било спроведено од компанијата „Декод џенетикс“ би можело да има значајни импликации за ризик од реинфекција и трајност на вакцините, пренесува Ројтерс.

Нивото на антитела на коронавирус порасна, а потоа остана на исто ниво до четири месеци кај преку 90 отсто од пациентите во Исланд кои биле излечени од Ковид-19, покажа студијата  објавена во магазинот „New England Journal of Medicine“.

Во претходните истражувања нивото на антитела на коронавирус значително опадна по неколку месеци од закрепнувањето од Ковид-19, што ги поттикна прашањата за траењето на имунитетот кај лицата кои веќе биле заразени.

Истражувањето кое било спроведено од компанијата „Декод џенетикс“ би можело да има значајни импликации за ризик од реинфекција и трајност на вакцините, пренесува Ројтерс.

Истражувачите го мереле нивото на антитела кај преку 30.000 жители на Исланд, како би утврдиле колку луѓе во земјата биле заразени со коронавирус и за да би дознале повеќе за имунитетот кај оздравените.

Резултатите покажале дека околу еден процент од лицата опфатени со истражувањето биле заразени со коронавирус. Од оваа група, 56 отсто добиле позитивен резултат откако направиле ПЦР тест, 14 отсто биле во карантин по изложување на вирусот, но без потврда на зараза, додека кај останатите 30 отсто заразата била потврдена за време на истражувањето, на основа на присуство на антитела на коронавирус.

Кај 91 отсто од оние лица кај кои заразата со коронавирус била потврдена со ПЦР тест, а кои вкупно биле 1.215, нивото на антитела пораснало за време на првите два месеци од воспоставување на дијагноза, за потоа да остане непроменето речиси четири месеци.

Со оваа студија била опфатена хомогената популација на една земја, така што резултатите може не би биле исти во некои други делови на светот со различна популација. Сепак студијата покажува дека тестовите на анитела можат да ја покажат вистинската стапка на заразеност. Покрај тоа, тие би можеле да се користат како евтина алтернатива за тестирање на коронавирусот.

Меѓутоа, авторите на студијата напоменале дека не е јасно дали антителата штитат од повторна зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот