Фото: Фактор / Faktor.mk

Огромен расадник во Скопје е продаден, наместо овошки ќе никнат згради на 25.000 квадрати

Купувач, според регистарот на парцели на Агенцијата за катастар, е „Јунајтед билд груп“, компанија регистрирана пред само десетина месеци

Голем дел од земјиштето на расадникот за овошки „Цветан Димов“ во скопската населба Ново Лисиче е продаден на градежен инвеститор, кој таму планира да гради станбени згради, објави „Фактор“.

Купувач, според регистарот на парцели на Агенцијата за катастар, е „Јунајтед билд груп“, компанија регистрирана пред само десетина месеци, во јули 2025, за изградба на станови. Купени се најмалку три големи парцели со вкупна површина од над 25.000 метри квадратни, главно овоштарници. Останатите поголеми соседни парцели се во сопственост на државата, но има и помали кои се на расадникот „Цветан Димов“ и на уште еден градежен инвеститор, пишува порталот.

Расадникот бил во сопственост на 30-тина физички лица, главно од Скопје, кои се јавуваат како продавачи. Фирмата купувач е основана од Оливер Павловски и државјанката од Финска, Лика Мат, кои со други фирми веќе продаваат станови во изградба во Скопје. Третиот основач е правно лице, „Пантелеон ГС“, компанија која дава аутсорсинг-услуги за американски компании, но во последниот период има одобрувања за купување парцели во државна сопственост.

Во јануари годинава, пред продажбата, за нов управител е поставен ректорот на Славјански универзитет, Васко Стамевски, инаку доктор по правни науки, кој за „Фактор“ вели дека неговата улога била само посредничка.

Расадникот „Цветан Димов“ во изминатите години бил практично неактивен, што може да се види од малите приходи што биле остварени, пишува порталот.

1.000 станови во Скопје до крајот на годинава – данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал“ има амбициозна цел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот