Официјално: Откажана Евровизија 2020 поради коронавирусот!

По повеќедневни разговори и разгледување на ситуацијата официјално е откажана Евровизија 2020.

„Со голема тага мора да објавиме дека изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан.

Во изминатите неколку недели разгледувавме неколку алтернативи за да го избегнеме одложување на настанот. Сепак, несигурноста околу ширењето на Ковид-19 низ Европа – и рестрикциите кои  притоа се наложуваат од сите влади на државите учесници, како и во координација со холандските надлежни институции, ЕСЦ одлучи дека нема услови да продолжи со планирањето на настанот.

Горди сме што ова натпреварување ја обединува публиката секоја годин во изминатите 64 години, и како и милиони други низ светот, жалиме што Евровизија нема да се одржи овој мај.

ЕБУ и другите задолжени за организација на настанот ќе бидат во постојана координација за организирање на Евровизија 2021.

Ја замолуваме публиката на разбирање додека се соочуваме со последиците од ова откажување и најавуваме новости во текот на наредните недели…

Тешко ни е што годинава нема да имаме Евровизија во мај. Целото евровизиско семејство низ светот праќа љубов и поддршка во ова тешко време.“, пишува на официјалниот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот