Официјално: Икарди потпиша договор со ПСЖ

фото:твитер

Аргентинскиот интернационалец кој има учинок од 20 голови и четири асистенции, ќе остане во францускиот шампион до 30 јуни 2024 година.

Францускиот шампион денеска објави дека го откупи Мауро Икарди, напаѓачот играше во дресот на „светците“ како позајмица од Интер во сезоната 2019/2020.

Како што и се најавуваше, Аргентинецот ќе остане во Париз како замена за Единсон Кавани, кој си заминува како слободен играч.

ПСЖ според информациите плати 58 милиони евра за услугите на Икарди (кој има и италијански пасош) кој потпиша договор на четири години, до 30 јуни 2024 година.

Тој е 16 аргентински играч во историјата на ПСЖ, запишувајќи 31 натпревар оваа сезона за ПСЖ со кој веќе ја освои титулата после одлуката предвреме да заврши сезоната во „Лига 1“ поради пандемијата на коронавирус.

Досегашниот учинок на Икарди за парискиот клуб е 20 голови и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот