Официјално: Дурент потпиша за Бруклин Нетс!

Двократниот МВП, Дурент во новиот тим ќе биде со Кајри Ирвинг и така Нетси се најавија како потенцијални кандидати за освојување на титулата во НБА сезоната.

– Кевин е шампион, еден од најголемите играчи на својата генерација. Да се донесе таков кошаркар во нашата организација значи можност да се натпреваруваме со елитните тимови. Возбудени сме што КД ќе биде член на Нетс фамилијата – вели генералниот менаџер, Шон Маркс.

Со „воините“ освои два шампионски прстени, во Бруклин дојде како замена за Дианџело Расел, Шабаз Нејпир, Тревон Грејем, а освен него Нетси го добија и заштитениот пик од првата рунда на драфтот за 2020 година.

Расел од друга страна, со Вориорси потпиша договор на четири години вреден 117 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот