Фото: РК Вардар

Официјално: Владо Недановски ќе има нова улога во Вардар

Владо Недановски во иднина ќе има нова функција во екипата на Вардар, и ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот.

Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.

Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот