Официјално: Легендарниот Фабио Канаваро за првпат ќе биде тренер во Серија А

Фото: EPA/MARCELO SAYAO

Италијански Удинезе по последниот пораз од Верона во Серија А го отпушти Габриеле Чиофи од тренерската позиција, а на негово место доаѓа легендарниот Фабио Канаваро.

Удинезе е во резултатска криза и тоа е главната причина што клубот се одлучи за промени.

Канаваро е легенда на италијанскиот фудбал, а во минатото своевремено настапуваше за Јувентус и Реал Мадрид, успеа да ја освои и „Златната топка“ пред 18 години.

Негов последен клуб во тренерската кариера беше Беневенто во Серија Б од каде што замина во 2023 година, претходно работеше во клубови од Кина и Саудиска Арабија. За Канаваро ова ќе биде прв предизвик во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот