Фото: Chelsea FC

Oфицијално: Челзи го потврди првото јануарско засилување

Екипата на Челзи го потврди првото засилување за јануарскиот преоден рок. Станува збор за напаѓачот на Молде, Давид Датро Фофана.

Датро Фофана е напаѓач кој има само 20 години и одигра одлична сезона во Елитсериен, а во дресот на Молде постигна вкупно 17 гола додавајќи уште шест асистенциии.

Во соопштението на официјалниот сајт Челзи потврдува дека е завршен трансферот на Датро и тој од 1. јануари 2023 година пристигнува во Лондон. Челзи за него ќе биде втор европски клуб. Претходно во кариерата го носеше дресот на домашниот клуб АФАД.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот