Александар Нацев / Фото: Фејсбук

Одобрено обвинението и за вистинскиот газда на обезбедувањето во „Пулс“, Александар Нацев

Кривичниот суд го одобри обвинението и за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев која била ангажирана да ја обезбедува кочанската дискотека „Пулс“ каде загинаа 63 млади луѓе, а последната жртва беше еден од пејачите на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

-Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје. Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет со К.бр. 1970/25 кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување. За сите нови информации со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени – соопшти Судот.

Обвинението против Нацев беше поднесено минатиот месец, а според Обвинителството од доказите обезбедени во текот на истрагата произлегло дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи.

-Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице – соопшти Обвинителството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот