Лекот „вегови“ / EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Одобрена првата таблета за слабеење „вегови“: Пресвртница во лекувањето на дебелината

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри таблетата за слабеење „вегови“ (Wegovy), што претставува прва таква таблета на пазарот и потенцијална пресвртница во лекувањето на дебелината. Веста ја објави производителот на лекот, данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“.

Од компанијата „Ново Нордиск“ порачаа дека таблетата, која се зема еднаш дневно, е „соодветна опција“ во споредба со неделната инјекција, како и дека ќе овозможи исто губење на тежината. „Вегови“, за разлика од слични лекови како што е „оземпик“, кои првенствено се одобрени за лекување на дијабетес тип 2, од почетокот бил наменет исклучиво за слабеење.

Клиничките испитувања спроведени од самата компанија покажале импресивни резултати. Таблетата „вегови“ доведува до просечно губење на телесна тежина од 16,6 отсто. Компанијата додава дека дури една третина од приближно 1.300 учесници во испитувањето изгубиле 20 отсто или повеќе од својата тежина.

– Пациентите ќе имаат соодветна таблета што се зема еднаш дневно и која ќе може да им помогне да ослабат колку и оригиналната инјекција „вегови“ – рекол Мајк Дустдар, главниот извршен директор на компанијата.

Се очекува таблетата да се појави на американскиот пазар веќе во јануари 2026 година, што е само за неколку недели.

Одобрувањето на таблетата би можело значително да ја зголеми продажбата на „Ново Нордиск“ по предизвикувачката година во која компанијата предупреди на профитот и се соочи со интензивна конкуренција, особено од фармацевтската компанија „Ели Лили“.

Веста веднаш позитивно одекна на берзата – акциите на „Ново Нордиск“ пораснаа за речиси 10 отсто во тргувањето по затворањето на берзата во Њујорк.

ФОТО | Исповед на две жени: Што се случува кога ќе престанете да земате инјекции и лекови за слабеење?

Оземпик и Вегови предизвикуваат губење на косата: Истражување покажа дека лековите за слабеење можат да доведат до ќелавост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот