Одложено рочиштето за случајот со претепувањето на Пендиков, секретар на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид

Фото: БТВ/принтскрин

Денешното судско рочиште за случајот со претепувањето на секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, Кристијан Пендиков е одложено за 31 октомври, објави БТА.

На денешната седница на Основниот суд во Охрид требаше да бидат сослушани сведоците на одбраната на обвинетите Илија Спасески и Борче Ангелов. Наместо тоа, нивниот адвокат Димитрија Цобоски на обвинителот и на судијата им достави диск со доказите на одбраната во случајот.

Обвинителката во случајот Викторија Коваческа-Мандулоска побара да ги види доказите за кои рече дека требало да бидат изведени осум дена по претходното рочиште во јули. Судијата мора да ја прегледа и содржината на дискот за да размисли дали да го признае како доказ во случајот.

Тој ќе одлучува и за барањето на адвокатот на Спасески и Ангелов, судот од обвинителството во Охрид да побара информација дали против Пендиков се води претходна постапка за поседување дрога. Цобоски изјави дека кога побарал информација од МВР-Охрид и од градското обвинителство, добил одговор дека не е странка во случајот и затоа нема причина да бара таква информација.

На прашањето на судијата каква е врската на бараната информација со случајот со тепањето, адвокатот наведе дека со тоа ќе стане јасно дали причината за тепањето е таа наведена во обвинителниот акт.

Илија Спасески и Борче Ангелов се обвинети дека „од омраза“ му нанеле тешка телесна повреда на Кристијан Пендиков во вечерните часови на 19 јануари 2023 година, на прославата на Богојавление Водици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот