Одложено именувањето на новите директори

Седницата на собраниската Комисија за избор и именување е одложена за половина час, бидејќи владејачкото мнозинство се уште не се усогласило за новите имиња за новите директори и заминк-директори кои што треба да бидат именувани на неколку државни институции.

Одлужувањето е на барање на пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ.

На ова регираше претседателот на Комисијата, Илија Димовски од ВМРО-ДМПНЕ, кој рече дека Власта неколку пати на прес-конференции барала овие точки да бидат на дневен ред и нејасно е зошто сега бараат одложување.

Тој појасни дека на дневен ред е именување на директори на исклучително значајни институции, како Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Дирекција за заштита на лични податоци, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

На дневен ред исто така се и две одлуки кои што се однесуваат на проверка на кандидтатите по јавниот конкурс за избор на членови на Советот на Агенција за медиуми и Членови на програмскиот Совет на МРТВ, кои иако поминаа две години од промената на Власта, се уште се во стариот состав.

Според владејачкото мнозинство овие две тела требаше да ги носат медиумските реформи во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот