Одложена јавната седница во Апелација за случајот „Талир 2“ и за конфискацијата на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Јавната седница во Апелациониот суд Скопје за предметот „Талир 2“ на СЈО, закажана за утрово се одложи на барање на одбраната на обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски.

-Споменатите бранители не можеле да присуствуваат поради ангажираност во други кривични предмети, како што е наведено во писмениот подесок од 26.06.2023 година, соопшти Апелација па јавната седница за овој предмет ја презакажа за 29 септември.

За предметот Талир со правостепена судска пресуда минатата година на затворска казна од 6 години е осуден екс премиерот Никола Груевски која е во бегство во Будимпешта, додека поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски е осуден на условна казна од две години. Двајцата беа прогласени за виновни за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во случајот при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Според пресудата од 8 јуни минатата година партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ треба да се конфискува, но и недвижниот имот низ државава кој од страна на осудените и партијата бил купен за партиски потреби, но тоа ќе се случи доколку второстепениот суд ја потврди оваа пресуда на Кривичниот суд.

Доколку се изврши конфискацијата на објектот Белата партиска палата, неизвесно е притоа кому ќе му припадне, поради хипотекарниот кредит од 3 милиони евра кој партијата го зела од Комерцијална банка. Партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека од декември 2016 година, односно две години пред судот да го замрзне имотот кој дотогаш имал чист имотен лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот