Одлични за празничната трпеза: Рецепт за полнети јајца во форма на новогодишни елки
Полнетите јајца се популарно предјадење за велигденските празници, но ако ги трансформирате на креативен и забавен начин – во мали, вкусни новогодишни елки – можете да ги послужите како празнично мезе и за Божиќ, пишува „Пун кофер“.
Препорачано
Зелената боја на филот доаѓа од песто џеновезе, кое се меша со варените жолчки. Пестото можете да го подготвите и дома, од босилек, пињоли, пармезан, лук, екстра девствено маслиново масло и сол, или едноставно да користите готово песто од продавница.
Филот може да се подготви и рачно, со виљушка, но доколку сакате совршено мазна и кремаста текстура, најдобро е жолчките и пестото да ги изблендирате во миксер. Љубителите на лута храна можат да додадат и малку чили-снегулки или ситно сечкани лути пиперчиња.
Потребни состојки:
- 120 г песто џеновезе
- 50 г тврдо сирење (чедар)
- 30 г мајонез
- 8–10 јајца
- 1 чајна лажичка сок од лимон
- сол по вкус
- пармезан за послужување
Подготовка:
Сварете ги јајцата во врела вода, исцедете ги, изладете ги и излупете ги. Пресечете ги по должина. Со лажица извадете ги жолчките и ставете ги во поголем сад, а белките наредете ги на чинија или послужавник.
Во садот со жолчките додадете песто, мајонез, сок од лимон и малку сол. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Смесата префрлете ја во слаткарска кеса со мал, ѕвездест додток и истиснувајте ја во варените белки, така што ќе добијат форма на мали новогодишни елки.
Тврдото сирење (како чедар) исечете го на мали ѕвездички и со нив украсете го врвот на секоја „елка“.
Одозгора посипете ситно рендан пармезан и, по желба, малку чили-снегулки.
Послужете веднаш и – на здравје!


