Фото: Nic Cleave / Alamy / Profimedia

Одлични совети за летни проблеми: Како да се ослободите од водата заглавена во ушите после капење

Ако ви се задржи вода во увото повеќе од 24 часа, добро е да се обратите на лекар. Пред тоа, можете да се обидете да ја извадите со фен, капки за уши или домашна мешавина од алкохол и оцет…

Водата која останала во увото е всушност на надворешната страна на ушното тапанче, бидејќи се измешала со ушната маст (восок) и останала зад неа, созадавајќи чувство како увото да ви е целосно блокирано.

Но, ако остане таму предолго, може да предизвика повеќе од непријатност. По некое време ќе предизвика болка, но и инфекција на ушниот канал или т.н. „пливачко уво“, поради развојот на различни видови бактерии или габи. За среќа, можете да ја „истресете“ водата во неколку едноставни чекори.

Освен капките за уши, вашите прсти или стапчиња за уши воопшто нема да ви помогнат да ја извадите водата. Увото природно се чисти, па доколку се обидете да го исчистите со стапчиња или прсти, работите против неговиот природен тек.

Еве како да ја извадите водата од увото:

Размрдајте го увото

Д-р Бранислава Чилиќ од Загреб препорачува да ја навалите главата на едната страна и со прстите да ја повлечете ушната ресичка напред и назад. Со неговото движење на овој начин, вие манипулирате со ушниот канал и тоа помага водата сама да истече.

Метод на вакуум

Можете исто така да ја користите вашата рака за да создадете благ вакуум за да помогнете да се исцеди водата. Навалете ја главата на страна и покријте го увото со дланката. Притиснете ја дланката на увото, потоа отпуштете го малку и потоа притиснете повторно за да ја „вшмукате“ водата и да и помогнете да излезе.

Топли облоги

Топлината од облогите ќе помогне да се стопи дел од восокот што ја блокира водата. Восокот ќе омекне и ќе истече надвор од увото, ослободувајќи ја водата заробена зад него. За ова, можете да користите крпа или газа натопена во многу топла, но не премногу врела вода. Држете ја на увото околу 10 минути.

Фен

Фенот за коса држете го вперен кон увото на раздалеченост колку што ви е долга раката, на најмала брзина (топол воздух). Движете ја главата напред-назад за да и помогнете на водата да го најде својот пат, вели д-р Ана Ким, отоларинголог од Клиничкиот центар на Универзитетот Колумбија.

Оцет и алкохол

Ако чувствувате дека увото ви е полно со вода , не сте сигурни дека е најчисто (на пример, вода за базен), измешајте бел оцет и алкохол. Користете пумпички за капки за очи за да нанесете три до пет капки во увото.

Обидете се со капки за уши што ги користат пливачите

Капките за уши кои најчесто ги користат пливачите содржат алкохол и помагаат полесно да испари водата од увото. Сепак, лекарите предупредуваат да не ги користите доколку вашето уво има некаква повреда или ако ве удрил бран. Ако имате повреда, алкохолот може да направи уште поголема штета, па дури и да го воспали увото.

Во повеќето случаи, водата сама ќе излезе од увото, велат лекарите, но доколку остане во увото повеќе од 24 часа, добро е да се обратите кај лекар кој ќе ви помогне да ги исчистите ушите користејќи медицински методи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот