Фото: Википедија

Одеса се ослободува од руските споменици – прв беше Пушкин

Во Одеса, Украина, споменикот на рускиот поет Александар Пушкин, кој се наоѓа на Приморскиот булевар, е покриен со плочи од иверица по одлука на регионалната воена управа, соопшти прес-службата на Градскиот совет на Одеса.

– Во согласност со наредбата на началникот на регионалната воена управа, споменикот е отстранет од јавниот простор – соопшти прес-службата на Градскиот совет на Одеса, пренесува „Украинска правда“.

Одеса долго време расправа за уривањето на споменикот на Пушкин, наведува порталот.

Тој бил изграден со средства на жителите на градот во периодот од 1887 до 1889 година, на Приморскиот булевар.

По почетокот на војната, дел од граѓаните побарале споменикот да биде урнат, но локалните власти, особено градоначалникот Генадиј Труханов, биле против тоа.

Оденскиот уметник Јарослав Војцеховски на 18 ноември 2023 година го полеал споменикот на Пушкин со боја.

Полицијата против него составила два извештаи – за ситно хулиганство и за прекршување на правилата за јавен ред.

На 20 септември 2024 година, Градскиот совет на Одеса и претседателот на Извршниот комитет на Одеската област, Олег Кипер, ја објавиле намерата да го урнат споменикот на Пушкин.

Во тоа време било соопштено дека, за да се демонтира споменикот на Плоштадот Дум, Градскиот совет мора да добие одговор од УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот