Одбојкарите тргнуваат по златото во Европската сребрена лига

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од денеска па се до недела ќе се игра првиот турнир во групата „А“ од  одбојкарската Европската сребрена лига 2021. Македонските одбојкари на турнирот во Струмица влегуваат како бидејќи се единствени во групата со обезбеден пласман на претстојното Европско првенство. Во денешното прво коло, Израел ќе игра со Данска, а Македонија со Кипар.

– Ние сме во одлична серија резултати. Ако се сметаат натпреварите на дебитантското европско првенство за нас, во 2019 во групата во Љубљана, како и квалификациите за претстојното во септември, ние имаме пет победи на последните шест меча. Тоа е обврска за нас да играме максимално и во групната фаза од Европската сребрена лига, а потоа на завршниот турнир да дојдеме до златниот медал. Тоа ќе биде одлична најава за Европското првенство 2021 – вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот