Одат како алва – Русите се луди по чоколатцата на Путин
Чоколадните бомбони со цитати од Владимир Путин се распродадоа во Русија за само неколку часа. Во петокот на 24 октомври 2025 година, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, отпатува во Соединетите Американски Држави за да се сретне со претставници на локалните власти во рамките на руско-американскиот дијалог.
Препорачано
Дмитриев не отиде на другата страна од светот, во Њујорк, со празни раце, туку според добрата, стара руска традиција, со подарок. Како подарок, тој донесе чоколади со цитати од рускиот претседател, Владимир Путин, чија слика ја објави на својот Телеграм канал.
На кутијата со чоколадни бомбони со ликот на рускиот претседател, има натпис „Големи зборови на голем човек“ и еден од цитатите на Путин: „Водењето дијалог со Русија од позиција на моќ е бесмислено“. Симболичен подарок со многу симболична порака. Само неколку часа откако Кирил Дмитриев објави на својот профил на Телеграм за подарокот што го однесе во Америка, на руските пазари (интернет продавници) не остана ниту едно чоколадо – сите беа распродадени, пишуваат Аргументи и Факти- пренесе Бизпортал.
Продавачот дури објави дека пуштил дополнителни 50 кутии чоколади, кои исто така биле разграбени за само 3 часа. Патем, цената на кутијата со чоколади, која се состои од 12 чоколади во обвивки со различни цитати од Путин, е само 282 рубли. Интерес за сувенири инспирирани од рускиот лидер постои и во други земји, не само во Русија. На пример, на крајот на август, монета со ликот на Владимир Путин го „запали“ германскиот пазар, за што претходно пишуваше RT Balkan.
Слична ситуација се случи по самитот во Алјаска, каде што рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се појави во дуксер со натпис USSR. А потоа, веќе следниот ден наутро, целата серија дуксери беше распродадена.


