Од утре работата на болниците се враќа во нормала

Како што кажа Венко Филипче, враќањето на дечињата во занималните ќе биде предизвик за надлежните бидејќи станува збор за категории меѓу коишто е мошне деликатно одржувањето на меѓусебното растојание.

– Кога и да се одржат изборите ќе мора да се изработи протокол за спроведување од Комисијата за заразни болести, за да се спречи можност за ширење на вирусот – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче вели дека до крајот на неделата ќе бидат подготвени сите протоколи, со што од почетокот на идната недела сите ќе можат да се применуваат.

Филипче рече дека утре ќе се разговара со директорите на болниците и клиниките, за враќање во нормална функција, односно сите кои беа одложени да можат да бидат медицински третирани.

– Исто така, ќе се разговара и за повторната примена на „Мој термин“. Tоа нема да оди нагло, туку постепено, како ќе се ствараат услови за нормално функционирање на целиот здравствен систем – рече Филипче.

Здравствените власти и надлежните тела работат на план за враќање на децата во градинките, рече министерот за здравство. Како што кажа тој, враќањето на дечињата во занималните ќе биде предизвик за надлежните бидејќи станува збор за категории меѓу коишто е мошне деликатно одржувањето на меѓусебното растојание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот