Од рак почина Роберт ЛуПоне, актерот од „Сопранови“

Фото: Профимедиа

Почина актерот Роберт Боб ЛуПоне (76), познат по улогата на доктор Брус Кусаман од серијата „Сопранови“. Американскиот актер номиниран за наградата Тони почина по тригодишна битка со ракот на панкреасот, објавија американските медиуми.

Веста за неговата смрт ја потврдија од театарот МЦЦ, кој актерот го основал пред 40 години.

„Живееше бестрашно и со голема љубопитност, добар хумор, безгранична страст и со многу емоции. ќе ни недостасува длабоко засекогаш“, напишале вработените во театарот МЦЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MCC Theater (@mcctheater)


Обожавателите на „Сопранови“ ќе го паметат неговиот лик како матичниот лекар и прв сосед на Тони. Но, тој глумеше и во сериите „Закон и ред“, „Сексот и градот“ и „Сите мои деца“, за кои доби номинација за дневната Еми награда.

Роберт, брат на актерката Пети ЛуПоне, е роден во 1946 година во Бруклин, а дипломирал танц на „Џулиард“ во 1968 година. Неговото деби на Бродвеј било истата година.

Тој во 1976 година ја освои наградата Тони за најдобар актер во мјузиклот „A Chorus Line“, каде што го толкуваше ликот на Зак. Легендарната претстава на Мајкл Бенет тогаш рушеше рекорди на благајните на Бродвеј.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот