Од први април минималната плата во Албанија ќе се зголеми за 52 евра

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Минималната плата во Албанија ќе продолжи да се зголемува и во следните две години па во 2025 година ќе достигне до 45 илјади леки, изјави албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај.

 „Од 1 април минималната плата се зголемува на 40.000 леки што е зголемување за 17,6 отсто од претходниот износ од 34.000 лекa. За нас е предизвик да ја зголемиме просечната плата.  Албанија мора да премине на друг стандард.  Ако во 2000 година бевме атрактивен пазар бидејќи имавме работна сила со ниски плати, денес мора да станеме конкурентни за квалификувана работна сила“, рече Ибрахимај.

Таа нагласи дека бизнисмените сфатиле дека вработените треба да се ценат и подобро да се плаќаат.

Според неа, има многу фирми кои за минимална плата го надминале владиното ниво од 40 илјади лекa. До крајот на 2022 година во албанската преработувачка индустрија ќе има 8.500 компании. Вкупниот број на вработени е 88.452 или 12,7 отсто од вкупниот број на вработени во земјава.

Минималната плата во оваа земја последен пат беше зголемена во септември минатата година, но иако постојано се зголемува, сепак останува најниска во споредба со земјите од Европа и регионот.

Моменталната минимална плата е 285 евра, додека со зголемувањето од 1 април ќе изнесува 336 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот