Од полноќ поскапуваат бензините

Од полноќ нови цени на горивата, донесе одлука Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува.

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар.

Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе се продава за 64,50 денари по литар.

За 0,50 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена исто така ќе изнесува 64,50 денари по литар.

Наспроти тоа, мазутот М-1 НС поевтинува за 0,668 денари по килограм и од утре ќе чини 32,133 денари за килограм. објави Скопје1.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот