Од покраински премиер до сојузен канцелар: Армин Лашет како најсериозен кандидат за наследник на Меркел

Ангела Меркел / Армин Лашет / Колаж: СП.

Премиерот на најнаселената германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет се смета за главен кандидат на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) за нов канцелар на изборите во 2021 година, кога актуелната канцеларка Ангела Меркел ќе се повлече од функцијата.

Ангела Меркел

Британските медиуми пренесуваат дека и самиот Лашет се опишува како кандидат кој сака да го продолжи политичкиот пат на Ангела Меркел со што полека го создава мнозинството меѓу 1.001 партиски делегати со право на глас.

Иако неговиот главен ривал, Фридрих Мерц, е попопуларен кај гласачите, Лашет се надева дека како осведочен центрист ќе може да го надополни својот недостаток на харизма.

Фридрих Мерц / EPA-EFE/BODO SCHACKOW

Еден социјалдемократски пратеник, кој инсистираше на анонимност, изјави дека Лашет најверојатно ќе излезе како победник од внатрепартиските избори.

Британските медиуми од свои извори дознаваат дека Лашет, се чини, ќе биде кандидатот за канцелар и од сестринска партија – баварската Христијанска социјална унија, која никогаш во нејзината политичката историја не била во можност да даде канцелар од своите редови.

Армин Лашет / EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Лашет се појави на германската политичка сцена по победата на локалните избори во неговата матична покраина и благодарение на поддршката од канцеларката Ангела Меркел, која неодамна изјави дека „Лашет има способност да се бори на изборите за германскиот канцелар”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот