ФОТО | Од пеколот во Дубаи до неверојатна трансформација: Погледнете како изгледа денес Украинката Марија Ковалчук
Украинската манекенка Марија Ковалчук закрепнува по бруталниот напад во Дубаи и постепено го гради својот нов професионален пат во светот на шминката. Една година откако беше оставена речиси да умре на улица во Дубаи, Ковалчук откри дека закрепнува и повторно се обидува да го продолжи својот живот.
Препорачано
Минатата година Украинката беше пронајдена без свест покрај пат во Дубаи, со тешки повреди поради кои лекарите стравуваа за нејзиниот живот. По бројни операции, денес таа е во многу подобра состојба и повторно стои на нозе.
Манекенката претходно ја раскажа потресната приказна за бруталното претепување кое го доживеала во Дубаи. Според нејзините зборови, ја нападнале синови на познат бизнисмен и припадници на таканаречената руска „златна младина“. Како што минатото лето изјави за украинските медиуми, група млади луѓе по консумирање алкохол и дрога ѝ забраниле да ја напушти хотелската соба каде што се одржувала забава. Кога сепак се обидела да избега, тие ја стигнале и тешко ја претепале.

Во тоа време постоеја и сомнежи дека можеби била жртва на озлогласените „Porta Potty“ забави, приватни и понижувачки забави на богати мажи кои им плаќаат на модели да присуствуваат. Манекенката исчезнала на 9 март, откако им кажала на пријателите дека оди на забава во хотел со двајца мажи кои се претставиле како агенти од модната индустрија. На својата мајка Ана ѝ рекла дека ќе преспие кај нив.
Подоцна локалните медиуми шпекулираа дека можеби била жртва на таква забава, но полицијата ги демантираше тие тврдења. Осум дена подоцна била пронајдена покрај пат во Дубаи и итно пренесена во болница.
„Не се сеќавам на сè, но сигурна сум дека се обидоа да ме скршат и физички и психички“, изјави таа тогаш.

И покрај сè, Марија денес полека се враќа во нормалниот живот. Неодамна откри дека патувала во Париз за да се едуцира за шминка, посетувајќи курсеви и мастер-класи организирани од познати козметички брендови, пишуа „Ледбајбл“.
Нејзиното закрепнување било долго и исцрпувачко. Неколку месеци поминала во Норвешка на интензивно лекување и рехабилитација. Вкупно поминала низ десет големи операции и во почетокот била врзана за инвалидска количка. Денес повторно може да оди.


