Маратон во чест на Тоше - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Од Нова Градишка до Крушево: По 18. пат одржан Меѓународниот ултрамаратон во чест на Тоше Проески

По 18-ти пат, во чест на Тоше Проески, маратонци го истрчаа традиционалниот Меѓународен ултрамаратон од Нова Градишка до Крушево. Вкупно 12 маратонци преминаа речиси 900 километри, а во Крушево беа пречекани со цвеќиња – симболични рози, како знак на благодарност и сеќавање.

„Благодарен сум на сите 12 учесници што успеавме заедно да пристигнеме овде и да му оддадеме последна почит на Тоше. Беше тешко, но за него вреди секој чекор,“ изјави маратонецот Наум Капрически.

Како дел од чествувањето, годинава свој настап во Спомен домот на Тоше имаа голем број учесницикако дел од  фестивалот „Песните на Тоше Проески“ кој се одржува во Крушево и Битола, а настапија млади таленти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Бугарија.

„Навистина е посебно чувството да се слушаат овие млади изведувачи како ги интерпретираат песните на Тоше. Фестивалот го зближува регионот преку музиката што ја остави зад себе“, изјави организаторот Марјан Катароски.

Гостите не ги криеја емоциите за Тоше, не само како музичар, туку и како човек кој ги обедини народите преку својата музика.

„Дојдовме од Словенија и навистина ни е убаво овде. Тоше е омилен и кај нас – неговите песни ги слушаме секојдневно,“ рече Неа Пауловиќ, гостинка од Словенија.

„Тешко е со зборови да се опише што значеше Тоше за сите нас. Остави длабока трага не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан,“ додаде Стеван Феди, гостин од Црна Гора.

Спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево и понатаму останува еден од најпосетените музеи на Балканот, со повеќе милиони посетители досега.

„Имаме изложено над 1.000 лични предмети кои му припаѓале на Тоше. Претходно ги менувавме експонатите почесто, но во последно време, од причини на зачувување, тоа го правиме поретко,“ објасни директорот на музејот, Зоран Николоски.

Овој музеј продолжува да биде важно културно и меморијално средиште, каде што низ целата година се организираат настани во чест на ликот и делото на Тоше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот