Од недела започнува забраната за спортски риболов во водите на НП „Маврово“

Завршува сезоната за спортски риболов во водите на територијата на Национален парк „Маврово“ за сезоната 2024/2025 година. Од 2 ноември Националниот парк „Маврово“, воведува забрана за спортски риболов во следниот период, која ќе трае до 31.01.2026 година.

„Забраната се однесува на сите води на територијата на Националниот парк „Маврово“, и тоа: на Мавровско Езеро и на реката Радика со сите нејзини притоки. Овој период е наменет за заштита и за обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони“ соопштија од НП „Маврово“.

Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.

Од НП „Маврово“ им се заблагодаруваат на сите спортски риболовци за разбирањето и за придржувањето кон оваа одлука, со што се придонесува за заштита на природното богатство во овој национален парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот