Од Музејот на Есма, зараза се шири наместо песна – утре во „Слободен печат“
Еден затвореник ја чини државата околу 10.000 евра годишно, македонските затвори се преполни. Како да се намали бројката на затвореници во преполните затвори? Дали вработување на затворениците како едно од алтернативните решенија кои ги нуди Македонското здружение на млади правници е решение, гледајте на „Слободен печат“ во интервјуто со Ирена Здравкова.
Препорачано
Симеон Атанасов, посвоениот син на Есма и Стево Теодосиевски, ја раскажува тажната приказна за Музејот на неговите родители. Зборува за тоа како наместо во Белград музејот е изграден во Скопје по желба на Стево, како и за оспорување на тестаментот на Есма од нејзините наследници.
Албанија одлучи дека мора да патува за Европа по секоја цена. Со најскапите билети, без седиште, во валканото и задушливо купе и со горчливо разочарување дека силно дува од прозорецот. И покрај сите ризици го фати токму овој воз за Брисел, оставајќи ја Македонија на перонот да го чека следниот сличен таков воз, затоа што европските возови на ултрамодерната европска железница изгледа не одговараат за нашиот колосек. Гледајте ја репортажата од Тирана.
„Слободен печат“ беше во посета на настанот посветен на „Светскиот ден на поправките“, кој за прв пат се одбележува кај нас.
Гледајте „Слободен печат“ во 9 часот наутро.


