Од кујната на нашите баби: Давор Панчевски ни подготви топеница

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини.

Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Сега Давор споделува рецепт за топеница – подзаборавен рецепт кој заслужува да се подготвува повторно за појадок.

Потребни состојки:

– 250 г брашно
– 250 г пченкарно брашно
– сол по вкус
– 500 мл вода
– 70 г путер
– 70 г сланина исечкана на коцки

давор
Рецепт на Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во длабок сад додајте ги двете брашна, солта и водата и промешајте додека не добиете густо но течно тесто. Прњмачкајте плех за печење со маргарин или путер и печете ја топеницата во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути додека не добие убава црвенкаста кора на рабовите. Со помош на вилушки иситнете го испеченото тесто во мали парчиња. Загрејте го путерот и сланината и попарете ја топеницата. Додајте и сирење за уште подобар вкус. Забавно готвење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот