Од гостиварско на аџилак заминаа 169 лица

На аџилак од гостиварско тргнаа 169 лица. Тие утрово по верската церемонија во медресата „Иса Беј”, беа испратени за скопскиот аеродром од каде ќе заминат за Саудиска Арабија. На поклоничкото патување заминаа и педесетина жени. Годинава, најмладиот е 34-годишен, а најстариот има 85 години.

По завршените подготовки за патувањето преку гостиварската муфтинија, беа обезбедени сите документи за виза, престој и авионски билети.

Во меѓувреме, идните аџии ги примија вакцините и препораки за заштита против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат.

Во наредните 27 денови идните аџии ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот