Од дното до врвот- Годинава на Кнез Михајлова ќе се отвори Музеј на Новак Ѓоковиќ

Во преговори се со градските власти во Белград и во средината на оваа година на Кнез Михајлова би требало да се отвори музеј на Новак Ѓоковиќ, изјави во „Утрински брифинг“, Ненад Живановски.

Терористичкиот напад се случи во квартот каде што јас живеам. Но бев преокупиран со други обврски, па воопшто не знаев за сето тоа додека не ме побараа од Скопје да прашаат што се случува. Нешто слично кога пред два месеци се случи терористочки напад на London bridge, вели во телефонско јавување во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Ненад Живановски директно од Лондон.

-Брегзитот е голем историски настан. Имаше еуфорично прославување, па човек кој што не е упатен во проблематиката, ќе добие впечаток дека Англија е некој голема колонија која излегува од некој вилает. Допрва следи отрезнувањето. Ќе траат преговорите за трговскиот договор и ќе се направи математиката дали целата операција се исплатеше. Имав можност да се сретнам со таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ на вториот ден од АО. Разговаравме буквално за сите теми од нивниот живот, од дното до врвот. Имав можност и привилегија да се фотографирам со пехарот од последниот Вимблдон- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Ненад Живановски.

Во преговори се со градските власти во Белград и во средината на оваа година на Кнез Михајлова би требало да се отвори музеј на Новак Ѓоковиќ, изјави во „Утрински брифинг“, Ненад Живановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот