Фото: Instagram

Продолжен рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк – од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување од денеска до 16 ноември 2025.

МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.

-Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот [email protected], се наведува во објавата.

Над 2.000 студенти без пари за студентски оброк — некои факултети не ги испратиле навреме списоците до Министерството за образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот