Обвинителството ќе ја истражува содржината и ќе трага по објавувачот на последните „бомби“

Јавното обвинителството од вторник ќе истражува кој ги објавил разговорите во кои наводно бизнисменот Орце Камчев бара спогодба со браќата Заеви за да не се пролелеа крв. Ќе ја истражуваат содржината на разговорите, но и кои ги прикачува на интернет.

Објавувачот е потпишан под псевдонимот „Големото уво“, а аудио снимките се со наслов  „нахранете ја демократијата“.

Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите, рече заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои се претпоставува дека е сведок од случајот „Рекет”.

Да имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати, рече Шекеринска.

Очекуваме, додаде таа,  институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна.

-Меѓутоа ако се прашува СДСМ, ние сметаме дека времето на насилство е зад нас, направивме се што треба да се направи и во поглед на НАТО, и внатрешна демократизација во нашето општество за никогаш да не се повтори, жалам што не сите го сфаќаат тој сигнал и таа порака. Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите

На прашањето дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Шекеринска одговори дека не сака да ги поврзувам работите без да има аргументи, меѓутоа се уште очекува одговор на многу едноставно прашање.

-Како е возможно една партија која учествувала на претседателски избори, да ги заврши изборите да остане должна 300 или 400 илјади евра и никој да не реагира, ниту фирмите каде должи, ниту самите тие, и да сметаат дека тоа е во ред. Дефинитивно таа истрага ќе ни објасни повеќе за линковите помеѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која сеуште е раководена од Будимпешта, истакна Шекеринска.

 

Прочитајте и...  Забрана за литии во Грција до крајот на август, вонредни мерки во Лариса

Прочитај повеќе

Во ЕСМ за 15 години има 1.000 нови вработувања?!

Почнува пријавувањето на штетите од поплавите во Кочанско

МИА Агенција

Околу 3.000 луѓе се приведени за време на протестите во Белорусија

Слободен печат

Две крводарителски акции неделава, минатата седмица собрани 45 единици крв

МИА Агенција

Тројца заболени од Ковид-19 во Гевгелија

МИА Агенција

Повторно судири пред општинската зграда во Будва: Обезбедувањето не дозволило советниците да влезат (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Досега до Град Скопје пристигнаа 2.301 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертери

МИА Агенција

Во охридската болница: Дошол на операција право од свадба

Мирослава Бурнс

Германскиот министер за финансии е кандидат за канцелар на следните избори

Слободен печат

Нухиу ги потпиша актите за двојазични натписи на полициските амблеми

МИА Агенција

На албанските царини годинава спречен обиди за нелегално внесување на 1,1 милион евра

Слободен печат

Нестабилно време и во наредите денови

МИА Агенција