Обвинителство повлече две од трите обвиненија против Цветан Панделески за случајот „Империја“
Обвинителството минатата недела повлече две од трите обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“.
Препорачано
Како што велат од одбраната на Панделевски, OJO со овој чин ги потврди сите аргументи кои Панделевски ги објаснуваше пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ, тврдат од адвокатскиот тим на Панделевски.
„Со ниту еден доказ обвинителката Лиле Стефанова во целиот период од 7 години од кога е започнат случајот не објасни и не кажа за кое дело беше гонет Цветан Панделевски. Наместо објаснување од страна на Стефанова за целиот изминат период се случуваа закани и уцени дека ќе ги прошири делата и кон неговото најблиско семејство. Семејството Панделевски беше под притисок од страна на структури на моќ, целосно неповрзани со правните аспекти на предметот Империја, но притисоци кои направија непоправлива штета на компаниите на Цветан Панделевски“, велат од одбраната на Панделевски.
Oттаму се надеваат дека следното рочиште ќе биде и последно и ќе бидат повлечени и последните обвиненија против Панделевски.


