Oбвинителство на Норвешка побара Брејвик да остане во затвор

Андерс Беринг Брејвик
Андерс Беринг Брејвик Фото: EPA-EFE/Ole Berg-Rusten

Државното обвинителство во Норвешка денеска побара неонацистотот Андерс Бехринг Брејвик да биде задржан во затвор, истакнувајќи дека е исто толку опасен, колку и во времето кога уби 77 лица, во 2011 година.

Брејвик (42), кој тврди дека се одрекол од насилство, побара условно ослободување. Пред десет години тој беше осуден на казна затвор од 21 година, која може да се зголеми ако се процени дека тој е опасен за околината.

-Брејвик е истиот злосторник кој ги повикуваше кај себе младите во Утоја, кои му поверуваа дека ќе им помогне, а тогаш пукаше во нив, кажа главната обвинителка Хулда Карлсдотир во судот во Телемарк.

Денеска заврши последниот ден од сослушувањето, кое од безбедносни причини се премести во спортската сала на затворот во Скиен, на југот од земјата, каде Брејвик ја отслужува казната.

На 22 јули 2011 година, десничарскиот екстремист прво активира бомба близу зградата на Владата во Осло и притоа уби осум лица. Потоа уби уште 69 лица, најголем дел од нив млади, пукајќи од огнено оружје во летниот камп за млади на островот Утоја.

Брејвик неделава изјави дека се одрекол од насилство. И понатаму ќе се залага за неонацистичките идеи, но, како што рече, на мирен начин.

Во манифестот што го објави пред нападите во 2011 година, Брејвик јавно призна дека ќе го искористи судењето како платформа за ширење на својата идеологија.

Пред тројцата судии тој упати нацистички поздрав, мафташе со пораки испишани на хартија и држеше долги идеолошки тиради.

Казната му беше изречена во 2012 година, по што следуваше периодото од најмалку десет години затвор пред да може да побара условно ослободување, што беше максимумот во тоа време.

Барањето на Брејвик, кој психијатарот и затворските власти го оценуваат како подеднакво опасен, како и во моментот на нападот, беше априори осудено на неуспех, пренесуваат француски медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот