Обвинет шверцер на дрога од Битола

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 52-годишен жител на Битола за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу” во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог да биде продолжена претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот