Обвинение против Тодориќ и уште тројца за злоупотреба во финансиско работење

Жупаниското државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против поранешниот сопственик на хрватскиот концерн Агрокор, Ивица Тодориќ и уште три лица.

Меѓу обвинетите се уште двајца хрватски и една австриска државјанка, поради извршено кривично дело злоупотреба на доверба во финансиско работење и помагање во злоупотреба на доверба во работење.

Меѓу обвинетите е и Пирушка Цањуга, која ја застапува адвокатот Анто Нобило, кој коментирајќи го случајот рече дека не може подетално да зборува за обвинението, затоа што се уште не го добил.

Тој очекува да го добие за неколку недели.

Сепак, Нобило истакна дека го изненадило поднесувањето обвинение и отворање на постапка, затоа што смета дека во истрагата било се побиено.

Тој наведе дека во истрагата се сослушани сведоци на одбраната, додека хрватското Државно обвинителство не извело ниту еден свој сведок.

– Нивна работа е кого ќе обвинат, а ќе видиме на суд што ќе биде од тоа, рече Нобило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот