Обрасци има до почеток на мај најголем проблем е печатењето лични документи, вели Тошковски

Стариот и новиот Mакедонски пасош/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се исопрачаат до јуни. Целта е од тие да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката, изјави Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју на утринската програма на Слободен печат изјави дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај. Но, најголем проблем, според него е печатењето лични документи.

Тошковски вели дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.

-Обрасци, најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај . но не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се исопрачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката, изјави Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот